На 29 јануари, 2018 година, изложбата „Изгубениот сефардски свет од западен Балкан“ беше отворена во хрватскиот град, Дубровник. Изложбата ја отвори Едвард Серота во присуство на 50 наставници од основно и средно образование. Исто така беа присутни и Лоранда Милетиќ од хрватското министерство за образование, Снежана Корен, професор по историја од Филозовскиот факултет, Ричел Бад Каплан од Јад Ваше и Тал Брутман од Мемориал де ла Шоа. Едвард Серота ја презентираше изложбата и даде идеи за нејзино користење во училница. Неколку хрватски наставници се заинтересираа да ја претстават изложбата во нивните училишта.