На 17 април, 2018 година изложбата „Изгубениот сефардски свет“ беше отворена во Ниш, Србија. Изложбата беше прикажана во свечената сала на првата нишка граматичка гимназија „Стефан Сремац“. Училиштето е лоцирано во зграда од 19 век, која е под владина заштита. Се наоѓа во центарот на градот, близу до судот, театарот и средни училишта како Граматичкото училиште „Бора Станковиќ“ како и училиштата за уметност и музика.

Околу стотина луѓе го посетија отоврањето на изложбата. Некои од нив беа: делегат од Министерството за образование – оддел Ниш, делегат од Градското Собрание, професори од училиштето, родителите на учениците и самите ученици, како и претставници од медиумите.