За Изгубениот сефардски свет

За оваа изложба. За Центропа

Центропа е еврејски историски институт со седиште во Виена, Хамбург, Будимпешта и Вашингтон. Од 2000 до 2009 интервјуиравме 1 200 постари Евреи во 15 земји во Европа. Сакаме да дознаеме многу повеќе за нив, а не само за тоа како исчезнале нивните семејства за време на холокаустот. Нашиот тим дигитализираше 22 000 нивни стари фотографии бидејќи сакавме да ги чуеме нивните животни приказни – да ни раскажат за нивните баби и дедовци, но и за нивните внуци. Оваа изложба го отсликува дваесеттиот век прикажан преку пет наши интервјуа од Западниот Балкан.  Посебна благодарност до Рејчел Чанин од Белград која ги направи нашите интервјуа во Македонија и Србија, како и до Леа Шиљак и Силвија Хајм  во Хрватска.

Млади Евреи од цела Југославија на летен камп, Иванчичи, Босна 1934

Тимот кој ја подготви изложбата

Куратор на оваа изложба е Едвард Серота. Јукон Дамов ги одбра и ги уреди фотографиите и приказните од архивата на Центропа. Дополнително уредување од Фабијан Руле, Естер Котоарба и Ана Кожемјакин.

Дизајнот и имплементацијата на овој веб сајт е направен од Александар фон Фриден, базиран е на печатениот дизајн на изложбата, подготвен од  Миклош Фекете.

Едвард Серота

Едвард Серота е новинар, фотограф и режисер чија специјалност е еврејскиот живот во Централна и Источна Европа. Роден е во Савана, Џорџија, а во Централна Европа работи од 1985 година.

Помеѓу 1996 и 1999 година, сними три филма за ABC News Nightline. Тој има издадено и три книги – „Надвор од сенките“, „Преживување во Сараево“ и „Евреи, Германија, Меморија“. Има придонесено за Time Magazine, The L.A.Times, The Washington Post и други весници. Ед ја има основано Центропа во 2000 година.

Јукон Дамов

Јукон Дамов е студент на магистерски студии на Центарот за Европски, Евразиски и Руски прашања при Универзитетот во Торонто. Своите додипломски студии по англиски јазик и историја ги завршил на Универзитетот во Торонто. Неговите интереси на истражување ја вклучуваат историјата на Централна и Источна Европа. Под менторство на Фабијан Руле, тој идентификуваше и уреди селектирани лични приказни од архивата на интервјуа од Центропа, специјално за оваа изложба.

Фабијан Руле

Фабијан Руле е Директор за образование во Европа на Центропа. Тој развива програми и материјали и води семинари за наставници од цела Европа. Пораснал во Источен Берлин, но во 1988 година, заедно со своето семејство емигрирал во Западен Берлин. Фабијан и се приклучи на Центропа во 2008 година. Тој, исто така е лице за контакт/преговори со европските влади и фондации. Во 2015 година ја отвори канцеларијата во Германија и во моментов е позициониран во Хамбург. Фабијан е магистрант по историски науки на Бесплатниот Универзитет Берлин и на Универзитетот Руџерс од Њу Џерси. Пред да се приклучи на Центропа, има работено за Американско еврејскиот комитет Берлин.

Естер Котоарба

Естер Котоарба е родена во Холандија, но има пораснато во Сигисоара, Романија каде има учено во Германско средно училиште. Има студирано Средно европски студии на универзитетот Гронинген во Холандија, каде дипломирала во 2012 година. Естер започна да работи за Центропа во 2013 година и е одговорна за Логистика на Летните академии на Центропа и други европски семинари. Заедно со Фабијан го води проектот Trans.History во Украина и Молдавија.

Нашите партнери и поддржувачи

Интернационална алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA)

Интернационалната алијанса за сеќавање на Холокаустот е внатрешно владино тело чија цел е да постави политичка и социјална лидерска поддршка кон потребата од образование за Холокаустот, сеќавање и истражување, како на национално така и на интернационално ниво.

www.holocaustremembrance.com

Конференција за еврејски материјални тврдења против Германија

Од првиот компензациски договор со Западна Германија во 1952 година, Конференцијата има исплатено повеќе од 70 билиони долари на повеќе од 800.000 жртви на Холокаустот. Во текот на шест декади, мисијата на Конференцијата е да обезбеди правда за еврејските жртви на Холокаустот и да им обезбеди најдобра можна нега.

Мал процент од финансирањето поддржува едукација за холокаустот, документација и истражување, осигурување дека меморијата и лекциите од Холокаустот се зачувани за сегашните и идни гнерации. Обезбедуваме финансии за тренинг на наставници кои ќе предаваат за Холокаустот; да се спасат и зачуваат оригинални докази од Холокаустот; за истражувачите да  дојдат до нови докази.

www.claimscon.org

Школата Мунк за гобални прашања при универзитетот во Торонто

Школата Мунк за гобални прашања при универзитетот во Торонто е интердисциплинарен академски центар со широк истражувачки спектар и едукациски програми посветени на глобализацијата.

Од 2016 година, Центропа и Школата Мунк за гобални прашања се партнери со тоа што Школата Мунк за гобални прашања секоја година испраќа по тројца практиканти во нашите канцеларии во Европа.

munkschool.utoronto.ca

Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

 

holocaust.org

Амбасада на САД во Србија

Соединетите Американски Држави и Република Србија уживаат соработка која е започната пред повеќе од 130 години, кога Соединетите држави ја признале ново прокламираната независност на Кнежевството Србија и кога првиот американски амбасадор, Еугениј Шилер пристигнал во Белград. Ова пријателство опстојало низ годините и денес нашето билатерално партнерство ја поттикнува Србија во напорите да напредува во Европските аспирации.

rs.usembassy.gov