Хрватска

Рифка Алтарац Вострел

 

 

Сараево

1925

Моите баба и дедо – Аврам и Беља Алтарац. Дедо ми беше водоводџија и имаше мал дуќан на Баш- чаршија, каде работеше сам. Беше од оние типични занаетчии кои работеа со метал и лим. Баба ми беше домаќинка и водеше грижа за нивните шест деца, од кои еден бил татко ми.

Сараево

1920-тите

Татко ми Леон Алтарац и мајка ми Роза, родена Атијас. Иако бевме чистокрвни Сефарди, јас не научив добро ладино. Дома зборувавме хрватски, а кога мајка ми и татко ми сакаа нешто да сокријат од нас зборуваа на ладино. Така и јас нешто поднаучив трудејќи се да ги разберам. Пораснавме во Сплит, каде што татко ми водеше грижа за синагогата.

Бегалски камп Тутурано, Италија

1944

Оваа семејна фотографија е направена во Италија. Со семејството успеавме  да побегнеме од Сплит пред да стигнат Германците, но потоа се раздвоивме. Морав самата да се грижам за себе, иако имав само 14 години. Сакав да се приклучам на една партизанска единица за да се борам, ама тие не примаа деца. После тоа ме евакуираа – прво на Брач, а потоа во Бари. Пријателите знаеја дека моите родители се во близина и оваа среќна фотографија е од моментот кога тие ме пронајдоа. Потоа не транспортираа во Ел Шат во Египед, заедно со другите од Далмација, каде што го дочекавме крајот на војната.

Загреб

1960

Татко ми Леон Алтарац беше еден од ретките Евреи кои ја практикуваа верата во Хрватска.  По војната тој ги водеше верските служби во Загреб. Татко ми работеше во еврејската заедница, а јас работев во младинските клубови. Подоцна за омажив за Едвард Вострел, кој беше дипломат.

Елвира Кон

 

Дубровник

1935

Овде сум во народна носија која ја носеа жените од Дубровник.  Родена сум во Ријека во 1914, а потоа се преселивме  во Винковци, каде што пораснав и се школував. Бев љубител на фотографијата и работев за семејството Ерцеговиќ во Дубровник. Кога почнав да работам за нив неможев да претпоставам дека токму ова семејство ќе спаси многу Евреи за време на војната.

Со партизаните

1942

Кога пристигнаа партизаните на островот Раб откако Италијанците си заминаа во 1943, им кажав дека сум професионален фотограф и дека имам фото апарат. Така, тие ме повикаа да се вклучам во нивното одделение за односи со јавноста. Партизаните ја примија и мајка ми, која работеше во кујната и во аптеката. Во периодот од септември 1943 до мај 1945 бевме во постојано движење.

Загреб

1945

Со партизаните пристигнавме во Загреб на 9ти мај 1945. Народот не дочека по улиците со ракоплескање и со знамиња во рацете. Сите знаеја дека војната заврши и дека усташите и Германците побегнаа. Решивме да преноќиме во штабот на Павелиќ во чест на победата. Преспав на маса, со шинелот под себе и пушката до главата.

Загреб

1998

Тоа сум јас, на десната страна од фотографијата. По војната работев како фотограф. Никогаш не се омажив зошто мојата најголема љубов беше фотографијата. Работев се додека не наполнив скоро 70 години. Ми претставува огромна чест тоа што Музејот на Хрватска ја прифати целокупната моја архива од фотографии.

Рифка и Елвира – Растејки во време на војна

Елвира Кон само што наполни 20 години во 1941 година и работеше во фотографска работилница во Дубровник. Малку погоре на хрватското крајбрежје, во пристаништето на градот Сплит, 14 годишната Рифка Алтарац се уште одеше во училиште и се придружи на Ционистичката младинска група. Тогаш, Германците и нивните сојузници ја окупираа Југославија и во следните две години, нивните градови беа окупирани од Италијанците. Но, во септември 1943 година, по капитулацијата на Италија, Германците забрзано се движеа кон Дубровник и Сплит, а Елвира и Ривка знаеја дека е дојдено времето да се преземе акција. Или да се исчезне. Ова е нивната приказна.