Наставни материјали

Драг посетителу, погледни ги наставните материјали од наставници во Македонија!

Документарен филм: „Приказните на оние кои повеќе не зборуваат“

Документарен филм изработен од страна на ученици од основното училиште „Петар Поп Арсов“ во кој се зборува за Скопје како главен град на Републилка Македонија и Евреите кои живееле во него. Низ прекрасен наратив можеме хронолошки да се запознаеме со населувањето, животот и депортацијата на македонските Евреи, но и со обновувањето на еврејската заедница по завршување на Втората светска војна.

Документарен филм: „Нејзиниот живот – филм за Жамила Колономос“

Документарен филм за животот на Жамила Колономос. Во наративот на филмот може да се слушне поезија од Аврам Садикарио, нејзиниот сопруг. Воедно, може да се слушне интервјуто кое учениците го направија со синот на Жамила, Самуел Садикарио во кое тој зборува за својата мајка, нејзиното семејство и нејзиниот живот. Филмот е изработен од страна на ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Скопје.

Документарен филм: „Браќа засекогаш“

Приказна за браќата Пепо и Хаим Леви.
Документарен филм изработен од страна на ученици од основното училиште „Наум Наумовски Борче“ од Штип. Во филмот се зборува за градот Штип и семејството Леви кои живееле во него.

 

Документарен филм: „Еден ден во март“

Филм изработен од страна на учениците од Основното училиште „Димитар Миладинов“ од Скопје. Во филмот се зборува за животот, депортацијата и екстерминацијата на македонските Евреи.

Документарен филм: „Завет за незаборав“

Документарен филм изработен од страна на ученици од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје, во кој се раскажува за животот на Евреите, нивната историја, обичаи и култура. Опфатен е периодот на Втората светска војна, депортацијацијата на Евреите, но и приказната за Бети Бехар и нејзиното спасување од страна на семејството Тодорови.

Документарен филм: „Солзите се зборови кои треба да се запишат“

Краткометражен аматерски филм, на тема „ Еврејската историја на нашиот град”, изработен од страна на учениците од СОУ „Коле Нехтенин”. Филм во кој е претставен ликот на Исак Сион. Лик преку кој може да се види болката и страдањата на Евреите во тој период. Филм преку кој индиректно сакаме да упатиме апел за толеранција во сите региони и култури, апел за милосрдие, сочувство и разбирање. Да ја прифатиме нашата различност и да ја почитуваме нашата меѓусебна зависност како единствен пат на мир и правда во земјата па и во светот.

Документарен филм: „Пазарот во Прилеп е во сабота“

Документарен филм за градот Прилеп и патот кој учениците од основното училиште „Добре Јованоски“ го поминале за да го изработат. Преку приказната на Благоја Алексоски, автор кој пишува за историјата на Прилеп тие дознаваат зошто пазарниот ден во Прилеп е во сабота, а преку тоа ја откриваат приказната на нивните некогашни соседи, Евреите.

Документарен филм: „Евреите од Охрид“

Учениците од основното училиште Св. Климент Охридски од Охрид ја истражуваа еврејската историја на нивниот град и изработија краток документарен филм за она што го пронајдоа.

Документарен филм: „Евреите во Скопје и Македонија“

Краткометражен документарен филм на две ученички од основното училиште „Блаже Конески“ од Скопје. По пат на интервју, тие не запознаваат со еврејските празници, историјата на Евреите во Македонија, депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна, но и за формирањето на еврејската заедница во Македонија по завршувањето на Втората светска војна.

Истражувачки проект – „Годините си го прават своето“

Наставен план за истражувачки проект кој го користи филмот на Центропа „Годините си го прават своето“. Проектот е планиран за ученици од VI одделение, по предметот Етика во религиите. За реализација на овој проект се планирани шест воннаставни часа. Интегрирани се повеќе предмети и тоа: етика во религиите, етика, историја, информатика и македонски јазик. Целта на овој проект е да го стимулира истражувачкиот дух кај учениците и нивната мотивираност да научат нешто повеќе за еврејската етничка заедница која опстојувала во Битола пред Вторта светска војна, преку примена на современи методи и технологии во наставата.

Линк до проектот

Анализа на документарниот филм „Годините го прават своето“

Обработка на темата Холокаустот во Македонија преку гледање и анализа на документарниот филм „Годините го прават своето“. Учениците од IX одделение во текот на два наставни часа ќе го обработуваат филмот за Бено и Роза и ќе се запознаат со периодот на холокаустот во Македонија.

Линк до наставниот план

Наставен час по граѓанско образование преку анализа на филмот „Преживување во Сараево“

Во текот на еден наставен час по граѓанско образование, учениците од IX одделение имаат можност да го обработат филмот „Преживување во Сараево“ и преку него да ја обработат наставната содржина Хуман чин и социјален притисок.

Линк до наставниот план

 

Учиме за хуманитарна акција користејќи го филмот „Преживување во Сараево“

Во текот на два наставни часа по граѓанско образование, учениците од IX одделение имаат можност да научат што е хуманитарна акција и кои се начелата на Црвениот крст, гледајќи го и анализирајќи го филмот „Преживување во Сараево“.

Линк до наставниот план

План за наставен час за филмот „Годините си го прават своето“

Во два наставни часа по граѓанско образование учениците ќе учат за очевидец и достоинство и ќе се обидат да ја развијат својата емпатија

Линк до наставниот план

Проект по предметот етика во религии „По стапките на еден филм до едно минато, една судбина“

 

Проектот започнува во училница, тема јудаизам, а продолжува на отворено низ неколку локации низ градот.

Линк до наставниот план

Преку гледање на филмот „Годините си го прават своето“ учениците од деветто одделение учат за воено злосторство

 

Во два наставни часа учениците учат за воено злосторство, го истражуваат поимот Холокауст и учат за Холокаустот во Македонија

Линк до наставниот план

„Годините си го прават своето“ на час по англиски јазик

На часот по англиски јазик со користење на различни техники, учениците учат за нивните сограѓани, Евреите.

Линк до наставниот план

Проектна активност – “Три ветувања“

ИДЕЈА: Користење на Centropa ресурсите (дигитално наследство) во наставата, со цел запознавање на учениците со еден ужасен период од човечкото постоење во кој многу семејства беа жртви на една идеологија

Линк до наставниот план

Интегриран час по историја и англиски јазик – „Годините си го прават своето“

Учениците имаат можност преку групна работа да научат за Втората светска војна во светот, на Балканот и во Македонија за време на часот по англиски јазик.

Линк до наставниот план