Бено Русо и Роза Камхи
Битола
1938
Роза Камхи: Го основавме Хашомер Хацаир (Млада Гарда), левичарско ционистичко младинско здружение, кога бевме тинејџери. Имавме состаноци секој ден и главната цел на Хашомер беше заминување во Палестина и формирање на вистинска еврејска држава. Прв пат се качив на воз кога одев на извиднички камп со Хашомер. Таму доаѓаа стотици еврејчиња од различни делови на Југославија.
Некаде со партизаните
1942
Бено Русо: Јас, десно, со моите пријатели Виктор и Нисим. Ме регрутираа во војска пред 1941, потоа започна војната и Германците не прегазија. Нашата единица се предаде во Сараево и потоа се вратив во Битола. Бев меѓу првите кои и се приклучија на Комунистичката Партија, а потоа на партизаните. Кога заврши војната станав генерал.
Скопје
1945
Бено Русо: Се приклучив на Хашомер од две причини: Пепо Камхи го водеше и ми беше идол, а сестра му Роза ми беше симпатија. Нашето додворување, кое траеше цели 10 години, беше прекинато од војната, но се договоривме дека по војната ќе се венчаме. И се венчавме во 1946.
Скопје
1946
Роза Камхи: Се венчавме во 1946. Излеговме од работа и по пат накај матично најдовме двајца сведоци. Брат му на Бено, Дарио, се ожени во истиот ден. По венчавката сите заедно отидовме на ручек, а потоа се вративме на работа. И тоа беше целата церемонија. Ги изгубивме семејствата. Немаше со кого да ја споделиме нашата радост.
Бено Русо и Роза Камхи: Годините си го прават своето
Бено и Роза се заљубија во 1930-те и се земаа во 1946 година. Во меѓувреме, најголемиот дел од македонските Евреи, повеќе од 7,400, беа депортирани во Треблинка. Ниту еден не се врати жив. Бено и Роза и неколкумина нивни пријатели, тинејџери, се придружија на партизаните, земаа пушки в раце и се бореа. Кога во 1945 година заврши војната Бено имаше 24 години и беше именуван за генерал. Оваа приказна нѐ носи до 2011 година, преку смртта на Тито, распадот на Југославија и отворањето на најголемиот меморијален центар на Холокаустот во јужна Европа. Токму тоа го прави овој филм одличен за наставници кои предаваат еврејска историја, историја на холокаустот и современа историја.
Бено Русо и Роза Камхи беа интервјуирани за Центропа од Рејчел Чанин во 2005 година. Овој филм, базиран на интервјуата, беше овластен и од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје и се прикажува во новиот музеј. Филмот го снимија македонците Стојан Вујчиќ и Апостол Тноковски, со двајца извонредни актери кои ги читаат улогите на Бено и Роза.
Аврам Садикарио
Софија
1942
Од лево на десно: Исак Леви, Салво Леви, јас и Асео (му го заборавив името). Сите бевме од Битола, но студиравме медицина во Софија и тоа не спаси. Гледате дека на Асео косата му е побелена? Тој беше во бугарски затвор и требаше да биде депортиран. На крај не го депортираа, ама затоа косата целосно му побеле за само две недели.
Софија
1943
Мојот индекс од универзитетот во Софија. Заминав од Битола пред депоратцијата во 1943. Студирав медицина во Софија, потоа бев депортиран со другите Евреи. Избегав и помогнав во ослободувањето на Бугарија во септември 1944. Ги завршив студиите во Софија, а потоа студирав уште една година во Париз. Но, не пред да заминам назад во Битола и да се оженам со Жамила.
Битола
1943
Јосиф и Вида Садикарио. Ова се единствените две фотографии кои ги имам од моите родители. Тие беа одведени од Битола во Скопје, заедно со илјадници други Евреи, однесени во фабриката за тутун , а потоа депортирани во Треблинка, во март 1943. Ниту еден од 7. 400 Евреи не се врати жив дома.
Скопје
2005
Мојата сопруга Жамила Колономос и јас. Цел живот го поминавме седејќи тука – си разговараме и се сеќаваме. Се пензионирав како лекар во 1984, но продолжив да навраќам на работа за да помагам. Кога децата ни беа мали им зборувавме на ладино, но кога тргнаа на училиште заборавија. Сега зборуваат ладино како да се странци.