На 25 јануари, 2018 година, македонската верзија на изложбата „Изгубениот сефардски свет на западен Балкан“ беше отворена во Министерството за надворешни работи во Скопје.

На сликите можете да ги видете учениците на наставничката Даниела Штерјова која е наставник по англиски јазик и долгогодишен Центропа наставник. Тие ја претставуваат изложбата „Изгубениот сефардски свет “ на Проф. д-р Рената Дескоска, Министер за образование на Република Македонија и на американскиот Амбасадор во Република Македонија, Џеф Л. Бејли.

Следното отворање на изложбата ќе биде на 15 март во детскиот културен центар во Белград, Србија. За повеќе информации, ве молиме да не котактирате преку контакт формуларот.