Еврејската заедница по војната
10% од населението во Југославија настрадало за време на Втората светска војна, а еврејската заедница изгубила 80% од своето население. 56 еврејски заедници се целосно уништени. 25 продолжиле да постојат само на хартија. 7 578 Евреи се иселиле во првите години од социјалистичкото владеење и започнале нов живот во Израел, Северна Америка, Британија и во други земји низ светот.