Филмови

Идеални за употреба во училница – пет кратки филмови на Центропа за животот на сефардските Евреи во западен Балкан

Другиот пат: 1492

Истата недела кога Колумбо отплови на запад, во 1492 година, последните шпански Евреи беа протерани. И покрај тоа што живееја таму со векови, религиската нетолеранција ги исфрли. Каде отидоа? Кој ги прими?

Одговорот ќе ве изненади: додека повеќето најдоа засолниште во Португалија (многу кратко), Антверп и во Амстердам, а потоа и на западната хемисфера, голем дел од шпанските Евреи, се населија во земјите во владение на Отоманските султани. Околу 180 000 се населија на Балканот и живееја рамо до рамо со нивните соседи, Христијани и Муслимани. Сѐ до 1941 и 1942 кога Германците го окупираа регионот и заедно со локалните сојузници ги убија повеќето Евреи. Но, тогаш, на 500 годишнината од протерувањето, во 1992 година секој еден сефардски евреин во завојуваниот град Сараево рече: Ние се сеќаваме што ни направи нетолеранцијата нам. Знаеме што прави омразата. Тоа не е нашиот пат. Ние одиме по друг пат.

Бено Русо и Роза Камхи: Годините си го прават своето

Бено и Роза се заљубија во 1930-те и се земаа во 1946 година. во меѓувреме, најголемиот дел од македонските Евреи, повеќе од 7400, беа депортирани во Треблинка. Ниту еден не се врати жив. Бено и Роза и неколкумина нивни пријатели, тинејџери, се придружија на партизаните, земаа пушки в раце и се бореа. Кога во 1945 година,  заврши војната Бено имаше 24 години и беше именуван за генерал. Оваа приказна не носи до 2011 година, преку смртта на Тито, распадот на Југославија и отворањето на најголемиот меморијален центар на Холокаустот во јужна Европа. Токму тоа го прави овој филм одличен за наставници ки предаваат еврејска историја, историја на холокаустот и современа историја.

Бено Русо и Роза Камхи беа интервјуирани за Центропа од Рејчел Чанин во 2005 година. Овој филм, базиран на интервјуата, беше овластен и од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје и се прикажува во новиот музеј. Филмот го снимија македонците Стојан Вујчиќ и Апостол Тноковски, со двајца извонредни актери кои ги читаат улогите на Бено и Роза.

Хана Гасиќ: Мојот Шпанско босански живот

Приказната на Хана Гасиќ – Монтилјо, чие семејство живееше во муслиманско соседство во Сараево и за време на Холокаустот беа спасени од Хрват. По војната, Хана се омажи за Србин и се пресели во Белград. Ова е филм на Центропа кој ја преплетува приказната на Хана со онаа на легендарната сараевска Хагада.

Матилда Калеф – три ветувања

Калеф е едно од најстарите Белградски семејства, влечејќи корени повеќе од 300 години наназад. Но, во 1941 година нацистите воспоставија власт во Србија.

Додека голем број на роднини беа стрелании убивани во гасни комбиња, Дона Бат Калеф ги зема своите ќерки, Бреда и Матилда и отиде во католичката црква на Баново Брдо. „Можеш ли да не заштитиш?“, го праша свештеникот. Отец Андреј Тумпеј навистина ги спаси Дона и нејзините ќерки и овој филм ја раскажува нивната приказна.

Рифка и Елвира –Растејки во време на војна

Елвира Кон само што наполни 20 години во 1941 година и работеше во фотографска работилница во Дубровник. Малку погоре на хрватското крајбрежје, во пристаништето на градот Сплит, 14 годишната Рифка Алтарац сеуште одише во училиште и се придружи на Ционистичката младинска група. Тогаш, Германците и нивните сојузници ја окупираа Југославија и во следните две години, нивните градови беа окупирани од Италијанците. Но, во септември 1943, по капитулацијата на Италија, Германците забрзано се движеа кон Дубровник и Сплит, а Елвира и Ривка знаеја дека е дојдено времето да се преземе акција. Или да се исчезне. Ова е нивната приказна.

Преживување во Сараево

Приказна за една стара Синагога во завојуваното Сараево која стана искра надеж за сите. За време на војната во Босна (1992-1995) еврејската заедница во Сараево, одби да заземе страна и отвори центар за хуманитарна помош во градската синагога, во кој подоцна се приклучија нивните пријатели Муслимани, Срби и Хрвати. Додека Сараево беше под опсада, политичарите се колнеа дека овие етнички групи не можат да живеат заедно. Еве група на луѓе кои го докажаа спротивното. Во оваа европска војна, Евреите не беа жртви. Во оваа војна, тие спасуваа муслимани и христијани. Инспиративна приказна за пријателство и посветеност.