Србија

Семејството Калеф

Белград

1910-тите

Мојата баба Матилда Калеф беше столбот на семејството. Останала вдовица со три деца на 25 години. Подоцна две деца и починале и останало само едно  – татко ми Аврам. Тој се разболел од дијабетис и атрофија на мускулите и тоа го врзало за инвалидска количка. Баба ми работеше од утро до мрак, и дома и во дуќаните, а  исто така се грижеше и за татко ми.

Белград

1920-тите

Јаков, братот на баба ми (во средина) пред нашиот семеен дуќан на улица Теразија. Тој беше водечка личност во еврејската заедница. Тој и баба ми заедно го водеа овој дуќан, но подоцна таа имаше три дуќани од кои два мораше да продаде за да го плати лекувањето на татко ми. Сите наши вработени живееја и се хранеа кај нас, но во посебен дел од куќата. Баба ми готвеше за сите.

Белград

1928

Мајка ми е родена како католичка во Словенија. Се запознале со татко ми во Белград. Не ѝ пречело тоа што татко ми беше во количка. И нему не му пречело дека не е Еврејка. Но, потоа мајка ми преминала во еврејската вера, се венчале и имале добар брак, исполнет со љубов. Се додека Германците не гo убија.

Белград

1930-тите

Овде сум со сестра ми Рахела (која подоцна стана Бреда) пред војната. Одевме во еврејска градинка, а потоа во државно училиште. Со мајка ми дома секогаш пеевме. Сестра ми пееше сопран, а јас и мајка ми алт.

Белград

1943

Сестра ми и јас со Отец Андреј Тумпеј,  свештеникот кој ни го спаси животот. Бреда е трета од десно, а јас сум четврта од лево. Отец Тумпеј по војната беше одликуван за Праведник помеѓу народите бидејќи побаравме од Меморијалниот Центар на Холокаустот на Израел да му оддаде признание за неговото херојство.

Белград

1928, 1941

Две слики од братучет ми Давид Калеф кој живееше веднаш до нас на улицата Господар Јованова. На сликата десно облечен е како кловн за еврејскиот празник Пурим. На сликата лево носи работничка облека кога по германската окупација во 1941, бил присилен да чисти улици. Давид беше убиен, како и целата негова фамилија. Ниту еден од нив не преживеа.

Белград

1948

Слика од мојата венчавка. Го запознав Онтон Черге за време на војната на Баново Брдо. По војната не се придржувавме на еврејската традиција. На ќерката Едита никогаш не и вршевме притисок да се идентификува како Еврејка. Но, нашата внука е доста активна во еврејската заедница.

Тел Авив

1964

Ова е мојата сестра Бреда на настап со Израеласката Опера во Тел Авив. Во чест на отец Тумпеј по војната таа си го задржа името кое тој и го даде. Таа стана една од најпознатите оперски пејачки на Србија, настапувајќи со ѕвезди како Пласидо Доминго. Секогаш бев многу горда на сестра ми и на нејзиниот успех.

Матилда Калеф – три ветувања

Калеф е едно од најстарите Белградски семејства, влечејќи корени повеќе од 300 години наназад. Но, во 1941 година нацистите воспоставија власт во Србија.
Додека голем број на роднини беа стрелани и убивани во гасни комбиња, Дона Бат Калеф ги зема своите ќерки, Бреда и Матилда и отиде во католичката црква на Баново Брдо. „Можеш ли да не заштитиш?“, го праша свештеникот. Отец Андреј Тумпеј навистина ги спаси Дона и нејзините ќерки и овој филм ја раскажува нивната приказна.