Отпор и Спасување

Евреите кои пружија отпор. Оние кои помогнаа.

Љерка Данон, во нејзиниот стан во Сараево со одликувањето за Праведник помеѓу народите, кое и е доделено во името на нејзиниот татко. Тој сокрил четири Еврејки за време на војната

Спасување

Сараево.

Зејнеба Хардага и нејзиниот сопруг Мустафа го сокриле нивниот пријател Јосеф Кабиљо за време на војната.

Дубровник.

Михо Ерцеговиќ и неговиот син Велимир им помагале на Евреите во Дубровник и во Загреб.

Белград.

Отец Андреј Тумпеј ги скрил сестрите Калеф и нивната мајка.

Битола.

Богоја Силјановски спасил пет девојки, Еврејки скривајќи ги за време на рацијата на Евреите во градот.

Отпор

Македонија.

Естреја Овадија, Естреја Леви, Жамила Колономос и Адела Фараџи биле партизанки. Овадија загинала додека се борела против бугарската војска.

Србија.

Чадик Данон е роден во Сараево, а потоа се преселил во Белград. Тој е еден од малкутемина затвореници на логорот Јасеновац кои успеале да побегнат и да им се приклучат на партизаните.

Хрватска.

Д-р Зора Голдсмит-Штајнер била полковник во Југословенската Народна Армија.  Нејзиниот сопруг, д-р Стјепан Штајнер бил генерал мајор. Тие се обајцата од Хрватска.

Босна.

Д-р Роза Папо (во средина) е една од стотината Евреи од Сараево кои им се приклучиле на партизаните. Таа била одговорна за неколку партизански теренски болници.