Импресии од отворањето на изложбата на Центропа „Изгубениот сефардски свет од западен Балкан“ на 15 март во Белград.

Изложбата се одржа во детскиот културен центар во Белград, во соработка со српското Министерство за образование, поддржано од ИХРА и Амбасадата на САД во Србија. Говореа Билјана Стојановиќ од Министерството за образование, Кајл Скот, американски Амбасадор во Србија, Алона Фишер-Кам, израелски Амбасадор во Србија, Заменик Шефот на еврејската заедница во Белград, Заменик Директорот на детскиот културен центар и јас, Фабијан Руле. Специјален музички гостин: Стефан Саблиќ и неговвиот бенд „Шира Утфила“.