Обновување

Млади Евреи од Македонија, Србија, Босна, Хрватска и нивни пријатели кои се иселени во странство го слушаат предавањето на рабинот Елиезер Папо за историјата на Евреите. Опатија, 2012.

Еврејската заедница по војната

10% од населението во  Југославија настрадало за време на Втората светска војна, а еврејската заедница изгубила 80% од своето население. 56 еврејски заедници се целосно уништени. 25 продолжиле да постојат само на хартија. 7 578 Евреи се иселиле во првите години од социјалистичкото владеење и започнале нов живот во Израел, Северна Америка, Британија и во други земји низ светот.

Нанодор Глид, чиишто скулптури се изложени во Јад Вашем во Израел и во Дахау во Германија.

Комеморација во Скопје во сеќавање на убиените Евреи за време на холокаустот, 1950-тите

Милан и Розита се од Сараево. Овде се сликани во еврејскиот летен камп во Пировац, 1988.

Сеќавање на настраданите. Секоја година Евреите од Западниот Балкан се собираат во Ѓаково, местото каде што усташите убиле 556 еврејски жени и деца.

Давид Албахари е овде фотографиран во еврејскиот летен камп во Пировац во 1988. Албахари денес е еден од најпочитуваните постсовремени романописци.

Славко Голдштајн е роден во Карловац. Уште како многу млад им се приклучува на партизаните, а потоа живее во Загреб и станува издавач, активист на граѓанскиот сектор и историчар.

Бранко Лустиг е роден во Осиек и го има преживеано ужасот на Аушвиц. Добитник е на два Оскара за продукција на филмовите Шиндлеровата листа и Гладијатор.

Сека Саблиќ, една од најпознатите српски актерки и комичарки.

Бреда Калеф е една од најпознатите југословенски мецосопрани. Пеела со Пласидо Доминго, Хозе Карерас и има настапувано насекаде во светот.

Данило Киш е син на унгарски Евреин и православна Црногорка. Пораснал во Војводина и пишувал на српски јазик. Има издадено низа брилијантни романи сè до неговата рана смрт, на 54- годишна возраст, во 1989.

Јакоб Финчи беше еден од лидерите на сараевската еврејска заедница за време на војната. Потоа беше назначен за амбасадор на Босна во Швајцарија. На фотографијата тој покажува копија од легендарната сараевска Хагада на меѓународна група наставници.