На 20 октомври 2017 година, во историскиот музеј на Босна и Херцеговина беше отворена новата изложба на Центропа, „Изгубениот сефардски свет на западен Бакан“.

Изложбата ќе остане во музејот две недели, а потоа ќе патува низ Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Македонија.

Изложбата беше отворена за време на семинарот на Центропа за западен Балкан во Сараево, кој се одржа од 20 до 22 октомври и беше поддржан од Конференцијата за еврејски материјални тврдења против Германија и Интернационалната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), како и од Фридрих Еберт фондација во Босна и Херцеговина.

Доколку сакате да погледнете дел од отворањето на новата изложба, можете да го видите емитувањето на емисијата „Култура“ на Федералната босанска телевизија каде во периодот од 9:15 до 12:50 можете да го слушнете интервјуто со Јакоб Финци и Директорот на Центропа, Едвард Серота.

 


Сите фотографии ги направи Амел Емириќ.